Slider
За Нас
За Нас
За Нас
Slider

Основана во 2001 година како резултат на нашите верувања во потребата на пазарот за маркетинг агенција која што ќе ги предвиди потребите на клиентите и ќе понуди врвни решенија за нивните проблеми преку интеграција на различни маркетинг услуги.

Нашата мисија е да понудиме ефикасни решенија за предизвиците со коишто се соочуваат нашите клиенти во услови на променливи пазарни опкружувања, преку интеграција на широка палета на маркетинг и комуникациски решенија што ќе резултираат со повисока додадена вредност за клиентите.

Секогаш прво
поаѓаме од бројките!

Ѓаволот е во деталите, а
деталите ја чинат разликата!

Постигнуваме мерливи
резултати!

Slider

Основана во 2001 година како резултат на нашите верувања во потребата на пазарот за маркетинг агенција која што ќе ги предвиди потребите на клиентите и ќе понуди врвни решенија за нивните проблеми преку интеграција на различни маркетинг услуги.

Нашата мисија е да понудиме ефикасни решенија за предизвиците со коишто се соочуваат нашите клиенти во услови на променливи пазарни опкружувања, преку интеграција на широка палета на маркетинг и комуникациски решенија што ќе резултираат со повисока додадена вредност за клиентите

Секогаш прво поаѓаме од бројките!

Ѓаволот е во деталите, а деталите ја чинат разликата!

Постигнуваме мерливи резултати!

Истражување
Истражување
Истражување
Slider

Секоја компанија која што се стреми да стане конкурентна на пазарот мора да делува според внимателно креирана, цврста стратегија.

Досега, имаме помогнато на голем број клиенти во различни индустрии да ги развијат и да ги имплементираат своите стратегии.

Им овозможуваме на компаниите да изнајдат нови извори на профитабилен раст, да се репозиционираат за потреби на идниот пазар и да ја подобрат својата конкурентска предност.

ИСКУСТВО

Шеснаесетгодишно искуство во различни индустрии со длабинско познавање на спецификите на секоја индустрија

СТАНДАРДИ ЗА ВИСОК КВАЛИТЕТ

Нашиот тим лидер и другите членови на истражувачкиот тим и на одделот за стратегиски консалтинг се членови на ESOMAR

СИГУРЕН ПАРТНЕР

Market Vision има континуирана соработка со регионални и меѓународни истражувачки агенции

ЗАСЛУЖЕНА ДОВЕРБА

Со години на назад, Market Vision има улога на долгорочен партнер во обезбедувањето на пазарни сознанија за познати домашни и меѓународни приватни инвестициски фондови.

keyboard_arrow_down
keyboard_arrow_down
Slider

Секоја компанија која што се стреми да стане конкурентна на пазарот мора да делува според внимателно креирана, цврста стратегија.

Досега, имаме помогнато на голем број клиенти во различни индустрии да ги развијат и да ги имплементираат своите стратегии.

 

Им овозможуваме на компаниите да изнајдат нови извори на профитабилен раст, да се репозиционираат за потреби на идниот пазар и да ја подобрат својата конкурентска предност.

 
ИСКУСТВО

Шеснаесетгодишно искуство во различни индустрии со длабинско познавање на спецификите на секоја индустрија

СТАНДАРДИ ЗА ВИСОК КВАЛИТЕТ

Нашиот тим лидер и другите членови на истражувачкиот тим и на одделот за стратегиски консалтинг се членови на ESOMAR

СИГУРЕН ПАРТНЕР

Market Vision има континуирана соработка со регионални и меѓународни истражувачки агенции

ЗАСЛУЖЕНА ДОВЕРБА

Со години на назад, Market Vision има улога на долгорочен партнер во обезбедувањето на пазарни сознанија за познати домашни и меѓународни приватни инвестициски фондови.

Што Ви треба?
Што Ви треба?
Што Ви треба?
Slider
АНАЛИЗА НА ПАЗАРОТ

За утврдување на атрактивноста и динамиката на пазарот во определена област, обезбедувајќи притоа информации за големината на пазарот, за сегментацијата, за клучните играчи и трендови во дадената област.

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ПОЗИЦИОНИРАНОСТА НА БРЕНДОТ

Кое ја испитува перцепцијата на потрошувачите за брендот и неговите предности.

СТУДИЈА ЗА СТАВОВИТЕ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ

Со цел да се идентификуваат факторите за користење на производите и ставовите на потрошувачите кон брендот.

ДЛАБИНСКА АНАЛИЗА НА ПАЗАРОТ

За да се измери атрактивноста и одржливоста на пазарот на кој што сакате да влезете. Длабинското поимање на силните и слабите страни на целните производи и нивната позиција на пазрот се засновани на внимателна и мудра комбинација на примарни и секундарни истражувања надоградена со разни дополнителни интервјуа со потрошувачите и претставниците на индустријата.

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ЗАДОВОЛСТВОТО И ЛОЈАЛНОСТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ

За мерење на: очекувањата на потрошувачите; квалитетот на услугата; вредноста за потрошувачот; лојалноста на потрошувачите; усната препорака и задоволството на вработените.

ИСТРАЖУВАЊЕ НА НАВИКИТЕ ЗА КУПУВАЊЕ

Со цел откривање на клучните двигатели за купување и осознавање на однесувањето на потрошувачите во процесот на купување.

ТЕСТИРАЊЕ НА ЦЕНА

За оптимизација на ценовната стратегија со интегрирање на перцепцијата на потрошувачите за цената на дадената категорија на производи и нивната подготвеност да ја платат.

ТЕСТОВИ ЗА ВКУС И МИРИС

За оценка на производите преку добивање на непристрасни одговори на потрошувачите за производот.

ТЕСТИРАЊЕ НА КАМПАЊА

За оценување на концептот на кампањата пред истата да се имплементира и оценка на ефективноста на кампањата после имплементацијата

ТАЈНО КУПУВАЊЕ

За оценка на квалитетот на услугата преку систем за тајно купување кој осигурува купувачот да ги постави вистинските прашања, на вистинскиот начин, да даде соодветни забелешки, да ги забележи релевантните индикатори и да даде соодветен извештај.

ТЕСТИРАЊЕ НА КОНЦЕПТ НА ПРОИЗВОД

За да се оцени реакцијата на потрошувачот на одредена идеја пред производот да се воведе на пазарот. Добијте одговор на прашањата кои најмногу ве загрижуваат, за намалување на ризиците при лансирање на производите и успешно воведете ги новите концепти на пазарот.

Arrow
Arrow
АНАЛИЗА НА ПАЗАРОТ
ИСТРАЖУВАЊЕ НА ПОЗИЦИОНИРАНОСТА НА БРЕНДОТ
СТУДИЈА ЗА СТАВОВИТЕ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ
ДЛАБИНСКА АНАЛИЗА НА ПАЗАРОТ
ИСТРАЖУВАЊЕ НА ЗАДОВОЛСТВОТО И ЛОЈАЛНОСТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ
ИСТРАЖУВАЊЕ НА НАВИКИТЕ ЗА КУПУВАЊЕ
ТЕСТИРАЊЕ НА ЦЕНА
ТЕСТОВИ ЗА ВКУС И МИРИС
ТЕСТИРАЊЕ НА КАМПАЊА
ТАЈНО КУПУВАЊЕ
ТЕСТИРАЊЕ НА КОНЦЕПТ НА ПРОИЗВОД
Slider
Комуникации
Комуникации
Комуникации
Slider

Со цел да креираат вистински однос со своите потрошувачи, компаниите мора да ја раскажат својата приказна. Да пренесат кои се, што е она што го работат, за што се залагаат, но најмногу од сè зошто сето тоа би ги  интересирало потрошувачите. Голем е бројот на клиенти, на кои низ сите овие години сме им помогнале не само појасно да ја дефинираат својата приказна, туку и вистински да ја пренесат со цел да допре до потрошувачите, да изгради доверба во брендот и да создаде основа за долгорочен успех.

ИНТЕГРИРАНИ КОМУНИКАЦИИ

Ниту една алатка сама по себе не може да произведе значителни резултати. Тоа е основната причина поради која толку цврсто веруваме во интегрирани решенија - внимателно креирани и релевантни за конкретниот проект и кои имаат специфични цели.  

 

ПОВЕЌЕ ОД УМЕТНОСТ

Повеќе од совршено осмислени и дизајнирани, комуникациските алатки треба да бидат ефективни, засновани на силна стратегија и релевантни за целната публика 

БЕСПРЕКОРНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА

Многубројните различни проекти кои ги имаме завршено низ годините ни го даваат потребното искуство и знаење за да се нафатиме на нови и различни предизвици и да ги завршиме беспрекорно 

Дали ви е потребно нешто поспецифично?
Дали ви е потребно нешто поспецифично?
Дали ви е потребно нешто поспецифично?
Slider
ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН

Не можеме за нешто да кажеме дека е вистински креативно, ако истото не функционира. Токму затоа креираме дизајн и содржина од кои што целната публика ќе има корист и истата ќе ја прифати наместо да ја игнорира.

КОМУНИКАЦИСКА СТРАТЕГИЈА

Најдобрата стратегија е онаа за задоволен потрошувач, но за неа се потребни голем број правилни одлуки за сите медиумски канали. Тоа е причината поради која што веруваме во изнаоѓање небарани, неочекувани, дополнителни но преку потребни идеи и предлози за нашите клиенти, постојано имајќи ги во предвид нивните цели.

ПЛАНИРАЊЕ НА МЕДИУМИ

Дистрибуцијата на пораката треба да биде исто онолку креативна колку што е креативна и самата порака. Тргнувајќи од таму, го креираме планот за медиуми според повеќе релевантни критериуми, а не само според популарноста на медиумскиот канал.

ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

Ако најважната работа е да се направи вистинското нешто, тогаш втората најважна работа е тоа што се прави да се претстави на вистинскиот начин. Од таму и произлегува значењето на односите со јавност за градењето на брендот, за подобрување на лојалноста и за чување на репутацијата.

ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ
КОМУНИКАЦИСКА СТРАТЕГИЈА
ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН
КОМУНИКАЦИСКА СТРАТЕГИЈА
ПЛАНИРАЊЕ НА МЕДИУМИ
ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ
Slider
Студии на случај
Студии на случај
Студии на случај
Slider
ТЕЛЕКОМ
Македонски Телеком е главниот и најстар оператор на телекомуникацискиот пазар во Македонија. Со цел да ја задржи лидерската позиција, на компанијата и беше потребна посилна комуникација на вредностите на брендот и неговите предности. Изминативе четири години имаме завршено преку 50 проекти, ова се само некои од нив...
Play
БИМИЛК
Во 2013 година, штетната супстанца Афлатоксин беше пронајдена кај млекото произведено во неколку регионални млекарници. Потрошувачите стравуваа дека увезеното млеко не е единственото заразено млеко коешто се продава на домашниот пазар. Требаше да го заштитиме имиџот на брендот Бимилк за време на кризата. Еве како го направивме тоа и како ја заслуживме довербата за над 50 други проекти...
Play
СОНИ
Сони е премиум бренд со висока цена, од друга страна македонскиот пазар има мала куповна моќ. На компанијата ѝ беше потребен партнер за да им помогне потенцијалните потрошувачи да увидат дека производите на Сони вредат за парите! Сони е наш клиент повеќе од една декада, еве како ја стекнавме нивната доверба...
Play
ШПАРКАСЕ БАНКА
Шпаркасе банка нè ангажираше кога требаше да се ребрендира од Инвест банка во Шпаркасе Банка Македонија. Тој еден проект се претвори во соработка на преку 120 други проекти. Еве зошто...
Play
ПРЕТПРИЕМНИШТВО
Во 2011 година, Владата на Р. Македонија ни даде задача да ги мотивираме младите луѓе да почнат да размислуваат како претприемачи и да започнат со сопствен бизнис наместо да чекаат државата да се погрижи за нивното вработување. Еве како му пристапивме на проблемот и како ги натеравме луѓето да започнат да работат на нивните бизнис планови...
Play
НОВА
Нова е првото приватно меѓународно училиште и за истото се плаќа висока школарина. Училиштето нуди програми и услови како ниту едно друго училиште, меѓутоа има еден суштински проблем, кој за нас беше клучен предизвик: да ги убедиме потенцијалните ученици и нивните родители дека НОВА нуди најдобро образование кое вреди за инвестицијата! Еве како ја оправдавме нивната доверба во седум последователни години...
Play
ОНЕ
Во 2010 година телекомуникацискиот провајдер ONE требаше да презентира две многу специфични понуди на пазар на кој доминира конкуренцијата. Нам ни ја доверија задачата да им помогнеме со овој предизвик. Резултатот: сета залиха распродадена за два месеци! Еве како го направивме тоа...
Play
ИНОВАЦИИ
Како дел од кампањата за охрабрување на иновациите и креативното размислување, развивме ТВ емисија каде беа прикажани позитивни примери на луѓе во Р. Македонија кои веќе ги имплементирале своите иновативни идеи и за кои креативното размислување е начин на живот. На јавноста ѝ се допадна ТВ емисијата по што ни беше побарано да изготвиме дополнителни епизоди.
Play
ВИНЕР ЛАЈФ
Ниското ниво на доверба коешто Македонските граѓани го имаат во осигурителните компании ги спречува во купувањето на животно осигурување. Поставивме стратегија за надминување на овој проблем преку испраќање на пораката дека парите на луѓето се безбедни во Винер Лајф бидејќи таа е австриска компанија со традиција од повеќе од 180 години, а во Австрија речиси секој Австриец има најмалку едно животно осигурување.
Play
ВИНЕР ЛАЈФ
БИМИЛК
ТЕЛЕКОМ
БИМИЛК
СОНИ
ШПАРКАСЕ БАНКА
ПРЕТПРИЕМНИШТВО
НОВА
ОНЕ
ИНОВАЦИИ
ВИНЕР ЛАЈФ
Slider

Контактирај не

info@mvision.com.mk

(+389 2) 3296 440

(+389 2) 3296 062

За Market Vision

Основана во 2001 година како резултат на нашите верувања во потребата на пазарот за маркетинг агенција која што ќе ги предвиди потребите на клиентите и ќе понуди врвни решенија за нивните проблеми преку интеграција на различни маркетинг услуги.

Kонтактирајте не

 

info@mvision.com.mk

(+389 2) 3296 440

(+389 2) 3296 062

Kozle 8, Skopje 1000 Macedonia

Created and Developed by Market Vision ®