Со цел да креираат вистински однос со своите потрошувачи, компаниите мора да ја раскажат својата приказна. Да пренесат кои се, што е она што го работат, за што се залагаат, но најмногу од сè зошто сето тоа би ги  интересирало потрошувачите. Голем е бројот на клиенти, на кои низ сите овие години сме им помогнале не само појасно да ја дефинираат својата приказна, туку и вистински да ја пренесат со цел да допре до потрошувачите, да изгради доверба во брендот и да создаде основа за долгорочен успех.

ИНТЕГРИРАНИ КОМУНИКАЦИИ

Ниту една алатка сама по себе не може да произведе значителни резултати. Тоа е основната причина поради која толку цврсто веруваме во интегрирани решенија - внимателно креирани и релевантни за конкретниот проект и кои имаат специфични цели.  

 

ПОВЕЌЕ ОД УМЕТНОСТ

Повеќе од совршено осмислени и дизајнирани, комуникациските алатки треба да бидат ефективни, засновани на силна стратегија и релевантни за целната публика 

БЕСПРЕКОРНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА

Многубројните различни проекти кои ги имаме завршено низ годините ни го даваат потребното искуство и знаење за да се нафатиме на нови и различни предизвици и да ги завршиме беспрекорно 

Дали ви е потребно нешто поспецифично?
Дали ви е потребно нешто поспецифично?
Дали ви е потребно нешто поспецифично?
Slider
ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН

Не можеме за нешто да кажеме дека е вистински креативно, ако истото не функционира. Токму затоа креираме дизајн и содржина од кои што целната публика ќе има корист и истата ќе ја прифати наместо да ја игнорира.

КОМУНИКАЦИСКА СТРАТЕГИЈА

Најдобрата стратегија е онаа за задоволен потрошувач, но за неа се потребни голем број правилни одлуки за сите медиумски канали. Тоа е причината поради која што веруваме во изнаоѓање небарани, неочекувани, дополнителни но преку потребни идеи и предлози за нашите клиенти, постојано имајќи ги во предвид нивните цели.

ПЛАНИРАЊЕ НА МЕДИУМИ

Дистрибуцијата на пораката треба да биде исто онолку креативна колку што е креативна и самата порака. Тргнувајќи од таму, го креираме планот за медиуми според повеќе релевантни критериуми, а не само според популарноста на медиумскиот канал.

ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

Ако најважната работа е да се направи вистинското нешто, тогаш втората најважна работа е тоа што се прави да се претстави на вистинскиот начин. Од таму и произлегува значењето на односите со јавност за градењето на брендот, за подобрување на лојалноста и за чување на репутацијата.

ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ
КОМУНИКАЦИСКА СТРАТЕГИЈА
ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН
КОМУНИКАЦИСКА СТРАТЕГИЈА
ПЛАНИРАЊЕ НА МЕДИУМИ
ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ
Slider

За Market Vision

Основана во 2001 година како резултат на нашите верувања во потребата на пазарот за маркетинг агенција која што ќе ги предвиди потребите на клиентите и ќе понуди врвни решенија за нивните проблеми преку интеграција на различни маркетинг услуги.

Kонтактирајте не

 

info@mvision.com.mk

(+389 2) 3296 440

(+389 2) 3296 062

Kozle 8, Skopje 1000 Macedonia

Created and Developed by Market Vision ®