ТЕЛЕКОМ

Македонски Телеком е главниот и најстар оператор на телекомуникацискиот пазар во Македонија. Со цел да ја задржи лидерската позиција, на компанијата и беше потребна посилна комуникација на вредностите на брендот и неговите предности. Изминативе четири години имаме завршено преку 50 проекти, ова се само некои од нив...

БИМИЛК

Во 2013 година, штетната супстанца Афлатоксин беше пронајдена кај млекото произведено во неколку регионални млекарници. Потрошувачите стравуваа дека увезеното млеко не е единственото заразено млеко коешто се продава на домашниот пазар. Требаше да го заштитиме имиџот на брендот Бимилк за време на кризата. Еве како го направивме тоа и како ја заслуживме довербата за над 50 други проекти...

СОНИ

Сони е премиум бренд со висока цена, од друга страна македонскиот пазар има мала куповна моќ. На компанијата ѝ беше потребен партнер за да им помогне потенцијалните потрошувачи да увидат дека производите на Сони вредат за парите! Сони е наш клиент повеќе од една декада, еве како ја стекнавме нивната доверба...

ШПАРКАСЕ БАНКА

Шпаркасе банка нè ангажираше кога требаше да се ребрендира од Инвест банка во Шпаркасе Банка Македонија. Тој еден проект се претвори во соработка на преку 120 други проекти. Еве зошто...

ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Во 2011 година, Владата на Р. Македонија ни даде задача да ги мотивираме младите луѓе да почнат да размислуваат како претприемачи и да започнат со сопствен бизнис наместо да чекаат државата да се погрижи за нивното вработување. Еве како му пристапивме на проблемот и како ги натеравме луѓето да започнат да работат на нивните бизнис планови...

НОВА

Нова е првото приватно меѓународно училиште и за истото се плаќа висока школарина. Училиштето нуди програми и услови како ниту едно друго училиште, меѓутоа има еден суштински проблем, кој за нас беше клучен предизвик: да ги убедиме потенцијалните ученици и нивните родители дека НОВА нуди најдобро образование кое вреди за инвестицијата! Еве како ја оправдавме нивната доверба во седум последователни години...

ОНЕ

Во 2010 година телекомуникацискиот провајдер ONE требаше да презентира две многу специфични понуди на пазар на кој доминира конкуренцијата. Нам ни ја доверија задачата да им помогнеме со овој предизвик. Резултатот: сета залиха распродадена за два месеци! Еве како го направивме тоа...

ИНОВАЦИИ

Како дел од кампањата за охрабрување на иновациите и креативното размислување, развивме ТВ емисија каде беа прикажани позитивни примери на луѓе во Р. Македонија кои веќе ги имплементирале своите иновативни идеи и за кои креативното размислување е начин на живот. На јавноста ѝ се допадна ТВ емисијата по што ни беше побарано да изготвиме дополнителни епизоди.

ВИНЕР ЛАЈФ

Ниското ниво на доверба коешто Македонските граѓани го имаат во осигурителните компании ги спречува во купувањето на животно осигурување. Поставивме  стратегија за надминување на овој проблем преку испраќање на пораката дека парите на луѓето се безбедни во Винер Лајф бидејќи таа е австриска компанија со традиција од повеќе од 180 години, а во Австрија речиси секој Австриец има најмалку едно животно осигурување.

За Market Vision

Основана во 2001 година како резултат на нашите верувања во потребата на пазарот за маркетинг агенција која што ќе ги предвиди потребите на клиентите и ќе понуди врвни решенија за нивните проблеми преку интеграција на различни маркетинг услуги.

Kонтактирајте не

 

info@mvision.com.mk

(+389 2) 3296 440

(+389 2) 3296 062

Kozle 8, Skopje 1000 Macedonia

Created and Developed by Market Vision ®